Рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо

Рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо

Кој може да одолее на вкусна пита во студените есенски денови? Денес ви предлагаме рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо која ќе ги задоволи и најпребирливите членови на вашето семејство.

Рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо

Потребни состојки:

  • 300 грама брашно
  • 170 грама путер
  • 2 лажици шеќер
  • 1-2 лажици ладна вода

Состојки за филот:

  • 340 грама ореви
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 125 милилитри мед
  • 125 милилитри слатка павлака
  • 115 грама путер
  • 55 грама темно чоколадо

Начин на подготовка:

1. Исечете го путерот на коцки со големина од околу 1 сантиметар. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот и коцките путер. Со прстите замесете ги путерот и брашното додека не се соединат сите состојки. Додадете една лажица ладна вода и измешајте ги сите состојки со виљушка.

2. Ако можете да формирате топка од тестото со рацете без да се распадне, тестото е готово. Ако не можете, додадете ја преостанатата лажица вода и повторно измешајте.

3. Направете топка од тестото, завиткајте го во проѕирна пластична фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час. Можете да го оставите тестото во фрижидер преку ноќ.

4. Изладеното тесто ставете го помеѓу две парчиња хартија за печење и расукајте го во круг со дијаметар од околу 30 сантиметри. Префрлете го расуканото тесто во претходно намачкан калап за пита. Ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути.

5. Над изладеното тесто ставете хартија за печење и наполнете го со керамички топчиња за печење или суров ориз. Ставете го тестото во загреана рерна на 200 степени целзиусови и печете околу 35 минути. Извадете ги топчињата и хартијата за печење и проверете дали тестото е испечено до крај. Ако не е, ставете го во рерна уште три до пет минути.

6. Оставете да се излади кората за пита.

7. Намалете ја температурата на рерната на 180 степени целзиусови.

8. За фил: исечкајте ги оревите. Во тенџере растопете путер со кафеав шеќер и мед. Измешајте сè и варете околу една минута. Потоа додадете ги оревите и слатката павлака. Гответе уште една минута, а потоа истурете сè заедно врз кората.

9. Вратете ја питата во рерна уште 30 минути.

10. Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка и посипете го врз оревите на питата. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна чоколадна пита со лешници.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар