Рецепт за вкусна и здрава торта без брашно

Рецепт за вкусна и здрава торта без брашно

Денес ви споделуваме рецепт за торта без брашно и шеќер која е лесна и едноставна за подготовка. Со оглед на тоа дека се состои од здрави состојки, идеална е за појадок со шолја чај.

Рецепт за вкусна и здрава торта без брашно

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 100 грама излупени јаболка
  • 30 милилитри млеко
  • 40 грама овесни снегулки
  • 1/3 лажичка цимет
  • 1/2 лажица прашок за пециво
  • 1 лажица мед

За фил:

  • 170 грама благо крем сирење
  • 2 лажици мед
  • 20 грама суви сливи
  • 10 грама ореви

Начин на подготовка:

Прелијте ги со врела вода сувите сливи и оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа исушете ги и ситно исечкајте ги. Исечете ги јаболката на мали парчиња. Во блендер ставете ги парчињата јаболка, јајцето, млекото, овесните снегулки, прашокот за пециво, циметот и медот. Мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Намачкајте со масло тавче со дијаметар од 24 см. Добро загрејте го, истурете го тестото и рамномерно распоредете го на тавата. На тивок оган пропржете ја кората под капакот, околу 8 минути од едната и 4 минути од другата страна. Оставете ја да се излади и исечете ја на 4 дела.

За филот измешајте ги крем сирењето и медот додека не добиете мазна и кремаста смеса. Нмачкајте го филот врз кората, наредете ги парчињата суви сливи, па ставете ја кората и сè така додека не ги потрошите состојките. Врз колачот посипете сечкани ореви. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен француски десерт без брашно.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар