Рецепт за вкусна и брза торта за која ви се потребни само 3 состојки!
Денес ви споделуваме рецепт за наједноставната чоколадна торта со само 3 состојки. Станува збор за колач кој не содржи глутен и лактоза и не се пече.
Потребни состојки:
- 180 грама темно чоколадо
- 375 мл кокосово млеко
- 220 грама овесна каша
- сечкани јаткасти плодови по желба
Начин на подготовка:
1. Намачкајте го со путер кружниот калап за колачи и нанесете хартија за печење. Премачкајте ја и хартијата за печење. Оставете го калапот настрана.
2. Чоколадото се сечка и се топи во кокосово млеко.
3. Додадете овесна каша и мешајте додека смесата не стане хомогена.
4. Истурете ја смесата во калапот. Оставете да се излади на собна температура, најмалку 4 часа пред сервирање.
5. Послужете со свежо овошје.
Забелешки:
- Оваа торта не е толку слатка бидејќи не користиме шеќер освен чоколадо.
- Ако сакате посладок вкус, додадете 1-2 лажици шеќер или друг засладувач во кокосовото млеко.
- Да се чува во фрижидер до 5 дена.
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен и едноставен чоколаден колач без брашно.
Извор: atma.hr