Рецепт за вкусна француска пита со јагоди

Рецепт за вкусна француска пита со јагоди

Секој француски регион има своја варијанта на овој вкусен колач, а најпознатиот е Galette de rois, или „кралска пита“. Традиционалниот рецепт вклучува и бадеми, а постојат верзии со бобинки, кајсии, чоколадо и јаболко.

Рецепт за вкусна француска пита со јагоди

Овој пат ви предлагаме рецепт за кралска пита со рабарбара – растение кое расте во пролет и се смета за еден од најздравите видови зеленчук. Се карактеризира со кисел вкус и може да се комбинира во солени и слатки јадења, како супи, мармалади сосови, а од него може да се направи и вино.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 200 грама брашно
  • 200 грама путер
  • две лажици шеќер
  • прстофат сол
  • ванилин шеќер
  • 5 лажици ладна вода

За фил:

  • 300 грама свежи јагоди
  • 200 грама рабарбара
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици џем од јагоди (по желба)

Начин на подготовка:

1. Замесете го тестото. Измешајте ги брашното, солта, шеќерот и ванилиниот шеќер и додадете го ладниот путер (претходно исечен на коцки). Додадете вода и замесете ја смесата. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го да отстои половина час во фрижидер.

2. Исчистете ја рабарбарата и исечете ја на парчиња. Можете да ја сварите во вода со мед, но не е неопходно.

3. Во друг сад измешајте ги јагодите, шеќерот, рабарбарата и џемот од јагоди.

4. Расукајте го тестото и ставете го во калап. Тестото треба да биде поголемо од калапот, односно да ги надмине рабовите на калапот за најмалку 3 сантиметри. Распоредете ја смесата со јагоди врз тестото, а потоа свиткајте ги рабовите навнатре. Премачкајте го тестото со жолчка, посипете шеќер и печете половина час на температура од околу 180 степени целзиусови.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за вкусна француска пита со јагоди, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна чоколадна пита со лешници.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар