Рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе

Рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе

Овој рецепт не е од оние само со 5 состојки, но целиот процес има само 5 чекори, а вашата кујна ќе биде полна со есенска атмосфера и прекрасни мириси!

Рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе

Потребни состојки за лебот:

  • 200 г брашно
  • 2 лажички микс зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 20 г шеќер
  • 130 г пире од тиква
  • 20 г пире од банана
  • 60 милилитри млеко по избор
  • 60 милилитри јаворов сируп или мед
  • 60 милилитри растително масло
  • 2 јајца
  • 1 лажица јаболков оцет
  • малку рендан ѓумбир
  • кафеав шеќер
  • семки од тиквa

За глазурата:

  • 30 г шеќер
  • 1 лажичка микс зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2-3 лажици кафе

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во средна чинија додадете ги сите суви состојки и мешајте ги.
  2. Во голем сад ставете ги течните состојки и мешајте додека не се соединат. Ставете ги сувите состојки во оваа смеса и мешајте.
  3. Ставете ја смесата во тава за леб (9×3 цм) и врз смесата ставете од семките од тиква и кафеавиот шеќер.
  4. Печете околу 40 до 50 минути. Најдобро е да го поставите лебот на средната решетка, бидејќи му треба растојание кога ќе нарасне.
  5. Кога ќе останат околу 10 минути пред да го извадите лебот, комбинирајте ги сите состојки за глазурата и мешајте додека не добиете густа смеса. Откатко вашиот леб ќе биде целосно испечен, извадете го и испрскајте со глазурата од кафе. Оставете да отстои од 5 до 10 минути, а потоа уживајте.

Moжеби ќе сакате да го пробате и ова есенско кафе со тиква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар