Рецепт за вкусен филипински омлет со модар патлиџан

Рецепт за вкусен филипински омлет со модар патлиџан

Тортанг талонг е името на традиционалното филипинско јадење што се подготвува од само четири состојки, а најчесто се служи со ориз и кечап. Во подготовката се користат кинески патлиџани, кои се малку помали од нашите модри патлиџани. Во случај да не можете да најдете кинески патлиџани, а сакате да го подготвите овој рецепт, користете помали обични модри патлиџани.

Рецепт за вкусен филипински омлет со модар патлиџан

Потребни состојки:

  • 4 кинески модри патлиџани
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • растително масло за пржење

Начин на подготовка:

1. Ставете ги модрите патлиџани да се печат на скара и печете ги додека кората не стане речиси црна.

2. Тргнете ги патлиџаните настрана и оставете ги да се изладат.

3. Кога ќе се изладат, излупете ги.

4. Во посебен сад, измешајте ги јајцата со солта.

5. Ставете ги печените модри патлиџани на рамна површина и обидете се со виљушка да ги израмните во форма на стек.

6. Ставете го модриот патлиџан во мешавината од јајца и ставете го на загреана тава со малку растително масло.

7. Пржете го секој патлиџан околу три до четири минути од двете страни на умерена температура, додека не добие златно-жолта кора.

Погледнете како да го подготвите овој омлет што не содржи јајца и млеко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар