Претходно
Рецепт за торта со јаболко, урми и еспресо
Тортите со кафе и ореви беа тренд во 2019, но оваа година зошто да не пробаме нешто различно? Есента е близу, а оваа торта ќе биде одлична за престојните есенски денови.
Потребни состојки:
- 275 г брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- малку сол
- 100 г кафеав шеќер
- 50 милилитри ладно еспресо
- 1 лажичка цимет во прав
- 1 лажичка ѓумбир во прав
- 150 г путер
- 200 милилитри млеко
- 2 јајца
- 1 големо јаболко (излупено и исечкано на мали коцки)
- 100 г сечкани урми
За подмачкување на плехот ви се потребни 25 г стопен путер и 1 лажица брашно.
За глазурата:
- 50 милилитри еспресо
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1/2 лажичка цимет во прав
За украсување:
- 50 г сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 160 степени со вентилатор.
- Направете го кафето и оставете го настрана.
- Во голем сад и миксер мешајте го шеќерот со путерот.
- Додадете го брашното, прашокот за пециво, солта, циметот, ѓумбирот, млекото, јајцата и еспресото. Мешајте со миксерот додека не се соединат сите состојки.
- Ставете го исечканото јаболко и урмите во 1 лажица брашно и мешајте ги.
- Премачкајте ја внатрешноста на плехот со путерот и малку брашно.
- Истурете ја смесата во плехот и израмнете.
- Печете за 65 до 70 минути.
- Потоа оставете ја тортата да се олади.
- За глазурата измешајте ги еспресото, шеќерот и циметот. Намачкајте ја тортата како што сакате и украсете со ореви.
Пробајте го и овој рецепт за вкусен мока пудинг готов за 6 минути.