Рецепт за тесто за пица: Потребни ви се само 2 состојки!

Рецепт за тесто за пица: Потребни ви се само 2 состојки!

Дали знаете дека можете и сами да направите тесто за пица дури и ако не сте вешти во кујната? Прочитајте го нашиот рецепт во продолжение!

Рецепт за тесто за пица: Потребни ви се само 2 состојки!

Потребни состојки:

  • 245 грама грчки јогурт
  • 220 грама брашно

Начин на подготовка:

1. Измешајте го брашното со грчкиот јогурт. Мешајте ги состојките сè додека не добиете мазно тесто.

2. Добиената смеса префрлете ја на набрашнета површина и развлечете ја до саканата форма. Ако тестото се лепи за прстите при виткање, додадете уште брашно.

3. Премачкајте го тестото со доматен сос и додадете ги преостанатите додатоци. Печете во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 20 минути.

4. Послужете ја пицата додека е топла. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за „пица“ од зеленчук.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар