Претходно
Рецепт за совршен празничен ролат кој мора да го пробате
Bûche de Noël е француски ролат што традиционално се подготува за празниците. Изгледот на ролатот неодоливо потсетува на дрво што Французите го запалуваат на Бадник за да им обезбедат среќа и благосостојба на нивното семејство во наредната година.
Иако никој не знае со сигурност како настанала оваа традиција, сите се согласуваат дека тоа е вкусен обичај од кој не сакаат да се откажат.
Потребни состојки:
За тестото:
- 6 јајца
- 150 г шеќер
- 60 г брашно
- 25 г какао
- малку сол
- масло за подмачкување
За филот:
- 300 милилитри хопла
- 30 г шеќер во прав
- 1 лажица екстракт од ванила
За глазура:
- 180 г шеќер во прав
- 110 г путер
- 5 лажици какао
- 3 лажици шлаг
- 1 лажица екстракт од ванила
- овошје по желба и чоколадо за украсување
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
- За тестото: одделете ги белките од жолчките и ставете ги во две одделни чинии. Изматете ги белките на шлаг со половина шеќер.
- Изматете ги жолчките со миксер со остатокот од шеќерот.
- Измешајте го брашното, какаото и малку сол, а потоа полека додадете ја смесата во жолчките. Измешајте добро.
- Рачно измешајте ги белките во жолчките.
- Истурете ја смесата врз хартија за печење што сте ја поставиле во правоаголен плех.
- Ставете во загреана рерна околу 12 минути. Проверете со чепкалка дали е готов.
- Користете кујнска крпа, одделете ја хартијата за печење од тестото и завиткајте го во ролна. Важно е да го направите овој чекор додека тестоѕо е жешко.
- Оставете да се излади целосно.
- За филот: Изматете го ја хоплата со шеќерот и екстрактот од ванила. Изладете го и ставете го од внатрешната страна на ролатот. Оставете во фрижидер најмалку еден час.
- За глазурата: Матете го путерот со миксер додека не добиете мазна смеса. Додадете шеќер и какао во прав и мешајте додека не се ослободите од грутките. На крај додадете го шлагот и екстракт од ванила.
- Со глазурата премачкајте го ролатот и украсете со овошје по желба и парчиња чоколадо. Чувајте го во фрижидер пред сервирање. Добар апетит!
Погледнете го и овоj рецепт за вкусни колачиња со вкус на мента и кокос.