Претходно
Рецепт за солени бомбици со сирење
Вашите гости сигурно ќе се вљубат во овие вкусни бомбици со сирење и многу зачини!
Потребни состојки:
- 230 гр козјо сирење
- 230 гр крем сирење
- 1 лажица сечкан свеж магдонос
- лажица 1 сечкано свежо пиперче
- 1 лажица свежи лисја од мајчина душица
- малку ситно рендана кора од лимон
- сол и свежо мелен црн пипер по вкус
- 65 гр пињоли
Начин на подготовка:
Блендирајте ги козјото сирење, крем сирењето, магдоносот, пиперчето, мајчината душица и кората од лимон додека не се соединат, околу 1 минута. Зачинете со сол и црн пипер. Изладете додека не се стегне малку, околу 30 минути.
Ставете ги пињолите во една чинија. Од смесата со сирењето направете топчиња, а потоа извалкајте ги во пињолите. Изладете додека не се стегнат целосно, од 1 до 2 часа.
Прочитајте за овие 10 намирници што визуелно го намалуваат стомакот.