Рецепт за сочна турска салата од грав
Турската салата му ја должи својата сладост на преливот на кој се додава таан, како и на пирето од грав, кое ги комбинира аромите и вкусовите на сите состојки.
Потребни состојки:
- 150 грама зготвен грав
- 1 мал кромид
- 20 грама ситно сечкан магдонос
- 1 или 2 тврдо варени јајца
- 1 домат
За прелив за салата:
- 2 лажици таан
- 2 лажици оцет
- сок од половина лимон
- 2 чешниња лук
- 4 лажици маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка мелен ким
- 1 лажица зготвен грав
Начин на подготовка:
1. Измешајте ги таанот и оцет и мешајте со жица за матење додека не исчезнат грутките. Потоа додајте ги сечканиот лук, кимот и солта и едната лажица грав што претходно ќе го изгмечите за да добиете пире. Постепено додавајте од течноста од зготвениот грав и мешајте. Преливот треба да биде мазен, но не течен. На крајот, додајте сок од лимон и постепено додајте го маслиновото масло додека мешате.
2. Исечете го кромидот на мали коцки, потоа посолете го и по неколку минути исплакнете го и исцедете го вишокот вода. Ставете го гравот во чинија за сервирање и додајте ги кромидот, исечканиот домат и вареното јајце. Нанесете го преливот од таан рамномерно на сè што е во чинијата и украсете со сечкан магдонос и парчиња лимон.
Погледнете како да подготвите либанска салата со модар патлиџан и јогурт.