Претходно
Рецепт за слатки шарени кифлички кои ќе ги обожавате
Кога немате идеја со што да се засладите, направете слатки шарени кифлички – брзо се прават, не чинат многу, убаво изгледаат и многу се вкусни!
Потребни состојки:
За кифличките:
- 500 г брашно
- 200 мл масло
- 200 мл млеко
- 1 квасец
- 1 прашок за печиво
- Малку сол
- 3 слупени лажици какао
За преливот:
- 200 мл вода
- 400 г шеќер
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки за кифличките, освен какаото.
- Тестото поделете го на два еднакви дела и во едната додадете го какаото.
- Добиените две теста измесете ги поединечно, па потоа растегнете ги со сукало и обликувајте ги во вид на правоаголници, како кога правите ролат. Така формираните две теста потоа исечете ги на по 6 еднакви делови. Нив рассукајте ги во вид на палачинки.
- Наредете ги така формираните теста едно врз друго во комбинација од по две различни теста. Ако сакате да направите 2 вида шари, за половина од кифличките кафеавото тесто нека ви дојде одозгора, а белото одоздола, а за другата половина обратно.
- Така поставените теста исечете ги на 12 еднакви делови. Потоа секој пар триаголничиња замотајте го во кифличка.
- Кифлите печете ги додека не поруменат.
- За да го подготвите преливот, зовријте вода и шеќер и натопете ги кифличките додека се жешки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.