Рецепт за сладолед без шеќер, јајца и млеко
Овој рецепт за сладолед се прави исклучиво од овошје и нема додаден шеќер, млеко или јајца. Совршен за оние кои постат или не јадат млеко и јајца!
Потребни состојки за 3 порции:
- 3 замрзнати банани
- неколку грама замрзнати малини
- неколку грама замрзнати капини
- 2 лажици какао
Начин на подготовка:
1. За 3 порции треба да исечкате 3 замрзнати банани. За првата порција ставете 1 замрзната банана и неколку замрзнати малини во блендер и убаво изблендирајте. Префрлете ја смесата во сад и украсете со малини.
2. За втората порција, изблендирајте 1 замрзната банана со неколку замрзнати боровинки. Префрлете ја смесата во сад и украсете со боровинки.
3. За третата порција, изблендирајте 1 замрзната банана со две лажици какао. Префрлете ја смесата во сад и декорирајте со чоколадо. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за здрав и вкусен сладолед без млеко, јајца и шеќер, можеби ќе сакате да го прочитате и овој лесен рецепт за сладолед со вкус на ванила.
Извор: atma.hr