Рецепт за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо

Рецепт за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо

Руските палачинки можете да ги послужите со ореви, чоколадо или мармалад, но честопати се служат и во солена варијанта, најчесто со сос од печурки и пилешко.

Рецепт за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо

Доколку ви останало бело пилешко месо, можете да го помешате со сос од печурки и да добиете фил за печурки, но исто така можете да го испржите месото во тава. По желба додајте сирење врз палачинките и оставете ги да се потпечат во фурна, а друга одлична верзија е да ги наполните и да ги прелиете со сосот од печурки. Можете да додадете и копар доколку сакате специјалитетот да добие фина арома.

Потребни состојки:

  • 10 палачинки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 400 гр шампињони
  • 1 лажица путер
  • 2 чешниња лук
  • кромид
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 300 мл пилешка супа
  • ½ лажица сенф
  • 1 лажичка слатка чадена пиперка
  • 250 мл крем
  • сечкан магдонос или копар
  • сол и црн пипер

Начин на подготовка:

1. Исчистете ги печурките и исечкајте ги на коцки. Исечкајте ги лукот и кромидот, а пилешкото исечете го на ленти.

2. Во тава на средна температура додајте го маслото и путерот. Додајте ги и кромидот, лукот и печурките и пржете околу 3-4 минути. Смесата од тавата префрлете ја во друг сад.

3. Пржете го пилешкото додека не порумени. Додајте ги зачините.

4. Смесата со печурките вратете ја во тавата, додајте го кремот, сечканиот магдонос или копар и пржете 8-10 минути додека сосот не згусне.

5. Додајте сол и црн пипер по вкус. Наполнете ги палачинките со смесата и послужете ги. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашито рецепт за руски палачинки, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те најчести грешки при подготовката на палачинки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар