Претходно
Рецепт за розево месечево млеко кое го зајакнува имунитетот и го подобрува сонот!
Розевото месечево млеко со екстракт од питаја (т.н. змејско овошје) е топол пијалак со повеќекратни придобивки. Го зајакнува нашиот имунолошки систем, го подобрува варењето на храната и делува смирувачки.
Потребни состојки:
- 1 шолја вода
- ½ лажичка питаја (змејско овошје) во прав
- 1 прстофат кардамон
- 1 прстофат цимет
- 1 прстофат морско оревче
- 1 прстофат ѓумбир во прав
- 2 чаши бадемово млеко
- 1 лажица мед или сируп од агава
- ½ лажичка кокосово масло
- ½ лажичка ашваганда во прав
- неколку ливчиња од роза
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат во тенџере на средна температура додека смесата не стане целосно топла и пенеста. Истурете ја смесата во чаша и по желба украсете го вашето месечево млеко со ливчиња од роза.
Откако го прочитавте нашиот рецепт за розево месечево млеко, можеби ќе сакате да прочитате и за здравите напитоци кои ги регулираат хормоните на природен начин.
Извор: sensa.mondo.rs