Рецепт за пролетна супа полна со протеини
Пролетта е одлично време за детоксикација на организмот, а зеленчукот и здравата и свежа храна можат да ве инспирираат во кујната да направите одлични, здрави и вкусни комбинации. Денес ви споделуваме рецепт за пролетна супа полна со протеини и влакна.
Потребни состојки:
- 7 парчиња млад кромид
- мешавина од пролетен зеленчук (може да биде боранија, грашок и аспарагус)
- 1 лимон
- 1 ½ шолја зелена леќа
- 1 лажичка семе од анасон
Начин на подготовка:
Исечете го младиот кромид и издвојте ги белите и зелените делови. Изрендајте го лимонот. Загрејте го шпоретот на средна температура и загрејте малку маслиново масло во тава, а потоа пропржете го белиот дел од младиот кромид додека не омекне, околу 5 минути. Додадете го зеленчукот и кората од лимон во кромидот, а потоа зачинете со сол и бибер. Варете сè заедно околу 5 минути. Додадете 1½ шолја зелена леќа, 1 лажичка семе од анасон и ½ лажичка мелен црвен пипер и убаво измешајте. Додадете 6 чаши вода, делумно покријте и оставете да зоврие. Отстранете го капакот и варете ги леќата и зеленчукот на тивок оган додека не омекнат, 20 до 25 минути. Супата тргнете ја од оган и додадете го зелениот дел од кромидот, па по желба додадете сок од лимон. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате.