Рецепт за превкусни солени колачи со тиквички и сирење
Тиквичките се вистински хит секое лето. Можат да бидат совршена закуска за појадок, ручек или вечера. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за солени колачи со сирење и тиквички кои не само што се вкусни туку се и едноставни за приготвување.
Потребни состојки:
- 350 грама тиквички
- 60 грама сирење
- 50 грама лебни трошки
- 30 грама пармезан
- 2 лажици брашно
- 1 јајце
- ½ лажичка суво оригано
- сол и бибер по желба
- масло за печење
Начин на подготовка:
1. Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во чиста крпа за да се исцеди вишокот вода.
2. Ставете ги исцедените тиквички во поголем сад и измешајте ги со ренданото сирење и јајцето.
3. Во смесата додадете ги лебните трошки и зачините.
4. Со раце обликувајте ги колачите со по една до две лажици од подготвената смеса додека не ја потрошите целата.
5. Колачите ставете ги во загреана рерна на 200 степени целзиусови и печете околу 20 минути или додека не поруменат и не станат крцкави.
6. Послужете со сос по желба. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за солени колачи со тиквички и сирење, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за англиска пита со тиквички.
Извор: punkufer.dnevnik.hr