Рецепт за посен кремаст сладолед од банана и шумско овошје

Рецепт за посен кремаст сладолед од банана и шумско овошје

Овој сладолед се прави многу лесно и брзо и е соодветен десерт за дијабетичари.

Рецепт за посен кремаст сладолед од банана и шумско овошје

Потребни состојки:

  • 300 грама излупени банани
  • 20 грама соино млеко во прав
  • 120 грама мешано замрзнато шумско овошје
  • 1 лажица шеќер (дијабетичарите може да користат течен засладувач)

Начин на подготовка:

Растворете го соиното млеко во 150 мл млака вода. Во блендер ставете ги бананите исечкани на поголеми парчиња, соиното млеко и замрзнато шумско овошје. Додајте една лажица шеќер или течен засладувач и мешајте додека не се соедини сè.

Ставете ја смесата во подлабок сад и ставете ја да стои 3-4 часа во замрзнувач за да се стегне. Ако остане подолго во замрзнувачот, пред употреба треба да се остави на собна температура околу половина час за да омекне.

Погледнете како да направите златен сладолед за челичен имунитет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар