Рецепт за пита со спанаќ и сирење: Одличен избор за целото семејство!
Денес ви споделуваме рецепт за пита со спанаќ која можете да ја сервирате во секое време од денот, како главно јадење, предјадење или ужина. Едноставна е за подготовка, но е многу вкусна!
Потребни состојки:
- 2 глави црвен кромид
- 1 млад кромид, ситно сечкан
- 2 чешниња лук, мелени
- 500 грама спанаќ, измиен и исечкан
- 200 грама фета сирење
- 2 јајца
- малку свеж копар, сечкан (по избор)
- путер или маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
1. Ставете го спанаќот во голема цедалка и прелијте го со врела вода. Исцедете го и оставете го да се излади.
2. Додека спанаќот се лади, во тава пропржете ги кромидот и младиот кромид со 2 лажици маслиново масло со малку сол додека не омекнат. Префрлете ги во сад и кога ќе се изладат додадете спанаќ, фета, лук и копар и убаво измешајте.
3. Намачкајте калап за печење со димензии 20 x 20 сантиметри. Премачкајте ги корите за пита со маслиново масло (или путер) и ставете ги во плехот. Нанесете од филот врз секоја кора и сè така додека не ги наредите сите кори.
4. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Печете ја питата 30-35 минути или додека тестото не порумени. Послужете ја питата додека е топла. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за англиска пита со тиквички.
Извор: punkufer.dnevnik.hr