Рецепт за печени тиквички со сирење и ракчиња

Рецепт за печени тиквички со сирење и ракчиња

Што и да готвите, секогаш можете да додадете тиквички. Освен тоа, тие не се користат само за солени јадења, туку совршено добро се вклопуваат и во некои десерти. Можете да ги додадете во разноразни супи, чорби, тестенини, рижото, а од нив можете да направите и десерти како мафини или сладок леб. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за печени тиквички со сирење и ракчиња.

Рецепт за печени тиквички со сирење и ракчиња

Доколку немате ракчиња, можете да ставите пилешко или некој друг извор на протеини. Можете исто така да го замените зеленчукот од рецептот со она што го имате на располагање – кромид, пиперки, печурки и слични намирници. Во секој случај, ви гарантираме дека тиквичките ќе бидат превкусни!

Потребни состојки:

  • 350 грама исчистени ракчиња
  • 220 грама рендана моцарела
  • 65 милилитри павлака
  • 30 грама рендан пармезан
  • 4 поголеми тиквички
  • 3 чешниња лук
  • 2 домати
  • 2 лажици путер
  • 1 лажичка мајчина душица
  • ½ лимон
  • маслиново масло по желба
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Измијте ги тиквичките, исечете ги на половина и со лажица отстранете ја внатрешноста на тиквичките. Сепак, внимавајте корите да бидат доволно дебели за да можете да ги наполните и испечете во рерна.

3. Премачкајте ја внатрешноста на издлабените тиквички со малку маслиново масло, додадете мајчина душица, сол и бибер по желба. Ставете ги да се печат околу 20 минути, односно сè додека не омекнат.

4. Во тава растопете путер и додадете ги исчистените ракчиња. Додајте сол и бибер и динстајте 3 до 4 минути. Тргнете ја тавата од оган и исечете ги ракчињата на помали парчиња.

5. Вратете ја тавата на оган и додадете ги доматите, лукот и тиквичките на парченца. Додадете сол и бибер.

6. Додадете ја павлаката, ренданиот пармезан и сокот од лимон и варете сè заедно околу 3 минути. Тргнете ја тавата од оган.

7. Омекнатите тиквички наполнете ги со оваа смеса, а потоа врз секоја од нив посипете рендана моцарела. Вратете ги во рерна и печете уште 10 минути додека кашкавалот не се растопи.

8. Послужете ги додека се топли со свеж магдонос. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за печени тиквички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за тестенини со вкусен сос од тиквички и путер.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар