Рецепт за освежителна сангрија со лубеница и шумско овошје

Рецепт за освежителна сангрија со лубеница и шумско овошје

Лубеницата е омиленото летно овошје во кое често бараме спас од неподносливите горештини. Ладниот, свеж пијалак е првиот избор за многумина после плажа или напорен ден на работа.

Рецепт за освежителна сангрија со лубеница и шумско овошје

Сангрија е традиционален шпански коктел кој вклучува квалитетно вино и свежо овошје, а денес ви споделуваме рецепт за домашна сангрија со лубеница и шумско овошје.

За да добиете освежителна сангрија, претходно замрзнете го овошјето, а освен вино можете да додадете и текила или вотка, како и малку мед за вкус.

Потребни состојки:

  • 750 милилитри розе вино
  • 250 грама замрзнато шумско овошје
  • 300 грама замрзната лубеница
  • 120 милилитри вотка или текила
  • 2 лажици сок од лимон
  • 3 големи лажици мед

Начин на подготовка на сангрија од лубеница:

1. Ставете го во блендер замрзнатото овошје.

2. Во овошјето додадете сок од лимон, мед и текила и убаво измешајте.

3. На крајот, додадете го виното. Доколку е потребно, додадете повеќе мраз и измешајте. Декорирајте со шумски плодови. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за сангрија од јагоди, ревен и розе вино.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар