Рецепт за освежителен мус од лимон
Погледнете како да го направите овој десерт за кој ви се потребни само три состојки.
Потребни состојки:
- 250 мл шлаг
- 230 мл бело чоколадо
- 80 мл свежо исцеден сок од лимон
Начин на подготовка:
1. Искршете го белото чоколадо на помали парчиња, ставете го во огноотпорна чинија и растопете го во микробранова печка.
2. Во растопената смеса додајте го свежо исцедениот сок од лимон и добро измешајте. Ставете ја смесата во фрижидер да стои околу половина час.
3. Изматете го шлагот и рачно измешајте го во смесата со лимон додека не се соединат сите состојки.
4. Поделете ја смесата на помали порции (чаши) и ставете ја во фрижидер да стои два часа пред послужување.
Погледнете како да го направите овој брз десерт од кокос и чоколадо.