Рецепт за неодоливо вкусен колач со кокос и чоколадна глазура!

Рецепт за неодоливо вкусен колач со кокос и чоколадна глазура!

Не пропуштајте го нашиот рецепт за вкусен и сочен десерт кој сигурно ќе му се допадне на целото семејство!

Рецепт за неодоливо вкусен колач со кокос и чоколадна глазура!

Потребни состојки за пандишпан:

  • 7 лажици кафеав шеќер (засладувач по избор)
  • прстофат сол
  • 100 милилитри масло (путер или маргарин)
  • 200 милилитри млеко
  • 200 грама брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • сода бикарбона
  • 2 лажици какао

Потребни состојки за фил:

  • 1 литар млеко
  • 7 лажици гриз
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер или екстракт од ванила
  • 200 грама кокос

Подготовка на филот:

1. Најпрвин сварете литар млеко. Кога ќе зоврие додадете 7 лажици гриз и убаво промешајте.

2. Во садот додадете 2 кесички ванилин шеќер и 5 лажици шеќер. Гответе на тивок оган две до три минути, додадете 200 грама кокос, а потоа добро измешајте ги состојките. Оставете го садот настрана да се излади.

Подготовка на пандишпан:

1. Измешајте масло (путер или маргарин), млеко, брашно, шеќер, сол, сода бикарбона, прашок за пециво и на крајот додадете какао. Можете да додадете и малку рум.

2. Печете околу 15-20 степени на 180 степени целзиусови.

3. Кога ќе биде готов пандишпанот, покријте го со претходно подготвениот фил.

Глазура:

  • Растопете ја чоколадата за готвење (околу 200 грама) и прелијте го колачот. Послужете откако ќе се излади. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за неодоливо вкусен колач од кокос, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен и едноставен чоколаден колач без брашно.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар