Рецепт за неодоливо вкусен колач со јаболка

Рецепт за неодоливо вкусен колач со јаболка

Денес ви споделуваме ирски рецепт за колач со јаболка кој е многу едноставен, но вкусен традиционален десерт. Иако се јаде преку целата година, многу луѓе го подготвуваат на Св. Патрик – заштитникот на Ирска – што се слави на 17 март секоја година.

Рецепт за неодоливо вкусен колач со јаболка

Потребни состојки:

  • 200 грама шеќер
  • 120 грама брашно
  • 30 грама сечкани ореви
  • 4 јаболка
  • 4 лажици омекнат путер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка цимет
  • ½ лажичка мелено мускатно оревче
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • прстофат сол
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Со миксер измешајте ги омекнатиот путер и шеќерот додека не добиете пенеста смеса.

3. Измијте ги јаболката, излупете ги, извадете ги семките и исечете ги на тенки парчиња. Додадете ги во смесата.

4. Додадете екстракт од ванила, јајце и исечени ореви. Добро измешајте.

5. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: прашок за пециво, сода бикарбона, сол, цимет, рендано морско оревче и брашно.

6. Смесата со јаболката додадете ја во брашното и сè добро измешајте.

7. Истурете ја смесата во подмачкан плех.

8. Се пече во загреана рерна околу 45 минути или додека колачот не се испече целосно.

9. Посипете шеќер во прав пред сервирање. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за вашето мени, можеби ќе сакате да прочитате и друг рецепт за вкусен колач без печење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар