Рецепт за неодоливо вкусен десерт: Црно-бела чоколадна торта која не се пече
Овој рецепт нема да ве остави рамнодушни! Станува збор за чоколаден колач кој е готов за само половина час! Не пропуштајте го рецептот за овој превкусен, фантастичен десерт!
Потребни состојки:
- ½ литар млеко
- 7 лажици кафеав шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300 грама темно чоколадо
- 100 грама бело чоколадо
- 500 милилитри слатка павлака
- 200 грама бисквити
Начин на подготовка:
1. Во 300 милилитри млеко измешајте ги сите 3 пудинзи и додајте шеќер. Остатокот од млекото истурете го во сад со средна големина и почекајте да зоврие на средна температура. Додадете ги пудинзите и мешајте додека не ја добиете идеалната густина.
2. Поделете ја смесата на два еднакви дела и во едниот ставете темно, а во другиот бело чоколадо. Мешајте сè додека не се растопи чоколадото. Оставете ја смесата да се излади.
3. Измешајте ја слатката павлака и додадете по една четвртина во чоколадните смеси.
4. Во кружен калап истурете дел од белата и дел од темната смеса. Измешајте ги за да добиете црно-бели шари.
5. Потоа нанесете го остатокот од слатката павлака и од темната смеса, па израмнете го колачот.
6. Потопете ги бисквитите во млеко и наредете ги врз смесата. Потоа ставете го колачот во фрижидер за да се излади. Отстранете го колачот од калапот и послужете. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за овој превкусен колач, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен кремаст десерт што се топи во устата.
Извор: atma.hr