Рецепт за неодоливи крокети со брокула и сирење
Брокулата и полутврдото сирење се совршена комбинација без разлика дали станува збор за супи и чорби или овие крокети кои можат да се јадат како прилог, но и како самостоен оброк. За крокетите ви се потребни само неколку состојки кои се печат во рерна, а крајниот резултат е вкусна закуска. Доколку користите лебни трошки, крцкавоста е загарантирана.
Потребни состојки:
- 200 грама сечкана брокула
- 120 грама рендано полутврдо сирење
- 50 грама лебни трошки
- 2 јајца
- 2 чешниња лук
- 3 главици млад кромид
- сол и бибер по желба
- растително масло
Начин на подготовка:
1. Оставете ја брокулата да се издинста, па издробете ја со вилушка и измешајте ја со изматените јајца, трошките, ренданото сирење, ситно сечканиот лук и младиот кромид.
2. Додадете сол и бибер по вкус. Од добиената смеса направете топчиња со приближно иста големина.
3. Ставете ги во сад за печење и намачкајте ги со масло.
4. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 до 25 минути сè додека не добијат златно-кафеава боја и не станат крцкави. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за превкусни крокети, можеби ќе сакате да прочитате и како да го започнете денот со крцкав зеленчук, индиски ореви и сладок чили сос.
Извор: punkufer.dnevnik.hr