Рецепт за највкусниот чоколаден десерт!
Денес ви споделуваме рецепт за вкусен чоколаден десерт кој не се пече, а за неговата подготовка доволни се само неколку состојки.
Потребни состојки:
- 200 грама бисквити
- 130 грама путер
- 400 грама крем сирење
- 100 грама бело чоколадо
- 240 грама шлаг крем
- 100 грама темно чоколадо
- колачи полнети со фил по избор
Начин на подготовка:
1. Бисквитите сомелете ги во блендер. Префрлете ги во сад, додадете 80 грама растопен путер и убаво измешајте.
2. Обложете го калапот со хартија за печење и префрлете ја овде смесата. Ставете го садот во фрижидер да отстои околу 30 минути.
3. Во сад измешајте со миксер 400 грама крем сирење и 50 грама путер. Додадете 100 грама бело чоколадо и одново измешајте.
4. Додадете го шлаг кремот (околу 120 грама) и измешајте.
5. Префрлете го кремот на основата на калапот и убаво распоредете го.
6. Наредете ги колачите со фил над кремот, а садот потоа оставете го во фрижидер да отстои 3 часа.
7. Растопете го темното чоколадо и измешајте со 120 грама топол шлаг крем.
8. Прелијте го колачот и оставете го да се излади пред да го послужите. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот предлог за десерт без печење, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за црно-бела чоколадна торта која не се пече.
Извор: atma.hr