Рецепт за највкусната сладолед торта!

Рецепт за највкусната сладолед торта!

Не пропуштајте го нашиот рецепт за сладолед торта кој сигурно нема да ве остави рамнодушни! За негова подготовка потребни ви се само неколку состојки.

Рецепт за највкусната сладолед торта!

Потребни состојки:

  • 150 грама чоколадни бисквити
  • 50 грама путер/маргарин
  • 100 грама темно чоколадо
  • 500 грама шлаг крем
  • екстракт од ванила
  • 200 грама кондензирано млеко
  • 2 лажици какао

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги бисквитите и префрлете ги во подлабок сад. Додадете 50 грама стопен путер и 1 лажица шлаг крем. Добро измешајте ги состојките.

2. Смесата префрлете ја во калап со дијаметар од 18 сантиметри.

3. Во друг сад стопете 100 грама чоколадо заедно со 100 грама шлаг крем.

4. Измешајте 400 грама шлаг крем со екстракт од ванила и додадете 200 грама кондензирано млеко. Одделете половина од добиената смеса и додадете 2 лажици какао.

5. Наизменично нанесете од темниот и белиот крем врз калапот. На крајот, тортата премачкајте ја со чоколадо и ставете ја да отстои во замрзнувач неколку часа. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за сладолед торта, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за најдобрата летна торта: кремаста и вкусна торта со сладолед.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар