Рецепт за миланско рижото кој вреди да го пробате барем еднаш во животот!

Рецепт за миланско рижото кој вреди да го пробате барем еднаш во животот!

Рецептот за добро италијанско рижото започнува уште при изборот на потребните состојки. Клучно е да се одбере вистинскиот ориз, а ќе ви биде потребен и шафран кој му дава примамлива боја на вкусното миланско рижото.

Рецепт за миланско рижото кој вреди да го пробате барем еднаш во животот!

Потребни состојки:

  • 8 чаши топла пилешка супа
  • 20 нишки шафран
  • 4 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ чаша сечкан кромид
  • 2 чаши ориз (сорта Арборио)
  • ½ чаша суво бело вино
  • ¼ чаша ситно рендан пармезан

Начин на подготовка:

1. Земете половина чаша топла супа, измешајте ја со шафран и оставете ја настрана. Чувајте ја преостанатата супа топла, на тивок оган.

2. Растопете две лажици путер во маслиново масло во голема тава на среден оган. Додадете го сечканиот кромид и пржете околу 5 минути, сè дури не омекне, но не порумени. Додајте го оризот и убаво измешајте го со путерот, маслото и кромидот.

3. Додадете го виното и постојано мешајте околу 1 минута сè додека не испари виното. Додадете ја супата од шафран и мешајте околу 2 минути за оризот да ја впие течноста. Постепено додавајте го остатокот од супата, мешајќи по половина чаша за да се впие оризот. Гответе сè додека оризот не омекне, но остане ал денте, околу 15 до 20 минути. Можеби и ќе ви остане вишок супа.

4. Тргнете ја тавата од оган и измешајте ги преостанатите две лажици путер и пармезанот. Послужете веднаш. На здравје!

Доколку ви се допадна рецептот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за брз германски колач од чоколадо и бисквити кој не се пече.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар