Рецепт за микелада – мексикански коктел што лади и гори во иста голтка
Што е солено, зачинето, вкусно и освежувачко во иста голтка? Ако никогаш не сте пробале микелада, не знаете што пропуштате. Освежувачки и пикантен, мексиканскиот коктел од пиво и лимета ќе ве разлади и ќе ве опушти.
Потребни состојки:
- 360 мл неутрално пиво
- 1 лажичка чили во прав
- 1/2 – 1 лажичка сол
- 60 мл сок од лимета
- 2 лажички лут сос (табаско, сирача)
- неколку капки соја сос
- парчиња лимета
- мраз
Начин на подготовка:
1. Во плитка чинија измешајте сол и чили во прав. Намачкајте ги рабовите на чашата со парчиња лимета и превртете ги во чинијата за да се обложат со зачините.
2. Турете ги сокот од лимета, лутиот сос и соја сосот во чаша и измешајте полека. Наполнете ја чашата со мраз, а потоа со пиво. Измешајте полека, украсете со лимета и послужете.
Прочитајте кои освежувачки пролетни коктели не ѝ штетат на вашата линија.