Рецепт за маска од чоколадо и кафе, совршена против темни кругови под очите и сува кожа
Какаото и кафето се нешта кои одат совршено со секој десерт, но тие се одлични и за вашата кожа. Токму затоа пробајте го ова природно средство за сјајна и хидрирана кожа кое истовремено ќе ги осветли и темните кругови под вашите очи.
Потребни состојки:
- 4 лажици горко чоколадо (какао во прав)
- 4 лажици ситно мелено кафе
- 4 лажици јогурт
- 2 лажици мед
Начин на подготовка и употреба:
Во еден сад помешајте ги какаото и кафето, а потоа додајте го јогуртот и мешајте сè додека не добиете изедначена смеса. Потоа сипете го медот (можете и да го загреете за да биде помек) и добро измешајте го со смесата.
Исчистете го лицето и нанесете ја маската на кожата. Оставете ја целосно да се исуши и потоа измијте ја со млака вода, исушете го лицето со пешкир и по потреба нанесете хидратантна крема. Остатокот од маската префрлете го во стаклен сад и сместете го во фрижидер.
Дополнителни совети:
- Наместо јогуртот можете да користите кокосово млеко или доколку имате многу сува кожа, маслиново или бадемово масло.
- Доколку сакате маската да биде поретка, додајте уште една лажичка јогурт, млеко или масло.
- Остатокот од маската потрошете го во рок од 10 дена.
- Маската користете ја на секои 3 до 5 дена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.