Рецепт за магичен тоник: Одличен за справување со изгореници, пигментација, акни и исушена кожа!

Рецепт за магичен тоник: Одличен за справување со изгореници, пигментација, акни и исушена кожа!

Во лето, се обидуваме да ја сведеме козметиката на минимум, особено кога престојуваме на море. Прекумерното изложување на вода, сол, хлор и сонце може да ја исуши кожата и да заврши со силна пигментација и изгореници. Сите овие проблеми можете да ги избегнете со овој рецепт за природен тоник кој можете да ја користите за лице, тело и коса. Доколку се случи да изгорите, овој тоник е одлична прва помош за изгореници.

Рецепт за магичен тоник: Одличен за справување со изгореници, пигментација, акни и исушена кожа!

Карактеристики на тоникот:

  • Богат е со антиоксиданси
  • Го забавува стареењето
  • Обезбедува богата хидратација на косата и кожата
  • Погоден е за сите типови кожа и коса
  • Исклучително освежува
  • Може да се користи по депилација
  • Заштитува од УВ зрачење
  • Спречува пигментација
  • Ја смирува кожата после сончање и изгореници (без заштитен фактор)
  • Го спречува создавањето на акни од пот

Потребни состојки:

  • Половина чаша дестилирана вода
  • ¼ шолја зелен чај
  • ¼ чаша кокосово масло
  • Неколку капки масло од семки од краставица
  • Пулпа од неколку листови алое вера или 2 капки масло од алое вера

Начин на подготовка:

Отстранете ја пулпата од листовите од алое вера, измешајте ги сите состојки во блендер и истурете во шише со распрскувач. Протресете пред употреба.

Лековити својства на тоникот:

Зелениот чај е моќен антиоксиданс кој спречува оштетување на кожата и го забавува стареењето. Поради своите заштитни својства, тој е одлична состојка во производите за сончање. Делува против темни кругови, брчки на лицето (особено околу очите), темни дамки на лицето, акни, ја подобрува природната отпорност на телото на УВ зраците, има антиинфламаторни својства, помага во смирување и ладење на чувствителната кожа, заштитувајќи ја од понатамошна иритација.

Кокосовото масло е исклучително хидратантно, помага при побрзо обновување на испуканата кожа и е погоден за нега на изгорена кожа. Докажано е дека кокосовото масло содржи фитостероли, кои придонесуваат за неговите антивоспалителни и регенеративни својства.

Маслото од семки од краставица брзо се апсорбира и е одлично за навлажнување на кожата и косата. Содржи витамин Е и фитостероли кои ја штитат кожата од надворешни оштетувања. Погоден е за секојдневна употреба во случај на акни, псоријаза, егзема, иритација од сонце, во третмани против стрии, сува и оштетена коса и нокти. Претставува одличен избор за луѓе кои имаат сува кожа со акни.

Гелот од алое вера е едно од најдобрите природни средства за нега, хидратација и третман на кожата, спречува иритација и ги ублажува изгорениците. Погоден е за употреба од сите типови кожа, ги ублажува симптомите на повеќето кожни болести и штити од УВ зрачење и ја намалува пигментацијата.

Маслото од алое вера ги ублажува воспалителните процеси на кожата. Со секојдневно нанесување кожата добива сјај, а се препорачува и за сува и оштетена коса.

Откако го прочитавте рецептот за овој природен тоник, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар