Рецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!
Почнува сезоната на јагоди, која, за жал, трае кратко, а сигурни сме дека многумина од вас смислуваат различни начини како да ги зачуваат што подолго и на тој начин да уживаат во нив колку што е можно подолго. Од замрзнување, до подготовка на мармалади, џемови и компот, изборот е навистина голем. Сепак, денес ви предлагаме рецепт за ликер од јагоди и бозел кој не само што можете да го пиете како аперитив туку можете да го користите и како прелив за десерти.
Потребни состојки:
- 2 килограми јагоди
- 20 цветови од бозел
- 1,5 литри ракија
- 4 децилитри сируп од бозел
- 1 килограм шеќер
- цимет и каранфилче, по желба
Начин на подготовка:
1. Јагодите и сите останати состојки префрлете ги во голема тегла.
2. Измешајте ја содржината и оставете ја три недели на топло место или сончев дел од прозорецот. Мешајте повремено.
3. По три недели, исцедете го и чувајте го ликерот на темно и ладно место. Доколку сакате погуст ликер, испасирајте дел од јагодите и измешајте ги. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен и миризлив ликер од аронија.
Извор: punkufer.dnevnik.hr