Рецепт за легендарниот коктел Куба Либре

Рецепт за легендарниот коктел Куба Либре

Понекогаш едноставните комбинации се највкусни, а вистински доказ за тоа е коктелот Куба Либре.

Рецепт за легендарниот коктел Куба Либре

Во далечната 1900 година капетанот на американската војска стациониран во Хавана за време на шпанско-американската војна дошол до генијална идеја за пијалак кој се состоел од кока-кола, лимета и рум. Ја кренал високо чашата и извикал: „Por Cuba libre!“ („За слободна Куба!“) и така се родил пијалакот кој е познат во целиот свет. Коктелот бил одличен избор за војниците бидејќи шеќерот и кофеинот ги одржувале будни, а румот им помагал да бидат расположени.

Потребни состојки:

  • 100 милилитри рум
  • 220 милилитри кола
  • сок од лимета

Начин на подготовка:

1. Наполнете длабока чаша со мраз.

2. Истурете го сокот од лимета врз мразот.

3. Промешајте ги колата и румот па истурете ги врз мразот и сокот од лимета.

4. Декорирајте со парчиња лимета.

Совет: Можете да додадете и неколку ливчиња свежо нане. На здравје!

Откако го прочитавте рецептот за легендарниот коктел Куба Либре, можеби ќе сакате да прочитате и кои безалкохолни коктели ќе ве разладат за време на летните горештини.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар