Рецепт за „лажна пица“: Многу поздрава од оригиналната верзија!
Во последно време, стануваат сè популарни т.н. „лажни“ пици чија основа не е тесто, туку зеленчук. Еден од почестите избори е модар патлиџан, а во продолжение ви пренесуваме едноставен рецепт за кој ви се потребни само 3 состојки – модар патлиџан, слој сирење (моцарела и пармезан) и сос од домати.
Потребни состојки:
- 1 модар патлиџан (250-300 грама)
- 1 лажичка сол
- 3 лажици маслиново масло
- 2,5 лажички мешавина од италијански зачини
- ¼ лажичка оригано
- 10 листови босилек
- 30 грама рендан пармезан
- 50 грама моцарела
- 3 чешниња лук
- 400 грама домати
Начин на подготовка:
1. Исечете го модриот патлиџан на прстени со дебелина од два сантиметри. Ставете ги парчињата на хартиени крпи за да се впие вишокот течност и посолете ги од двете страни. Во тава загрејте две лажици маслиново масло, а потоа пропржете го ситно сечканиот лук. Додадете домати, две лажички италијански зачини и оригано и пржете додека смесата не се згусне. Изгмечете ги доматите со виљушка.
2. Намачкајте го садот за печење со путер и ставете ги круговите модар патлиџан. Додадете го маслиновото масло, како и преостанатата половина лажичка од италијанската мешавина од зачини. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови и печете 20 до 25 минути. Додека чекате да се печат модрите патлиџани, исечкајте ги листовите босилек и измешајте ги пармезанот и моцарелата. Врз печениот модар патлиџан ставете го сосот од домати, босилек, а одозгора нанесете го сирењето, па печете уште седум минути, додека пармезанот и моцарелата не добијат златна боја. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за вашето мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за тесто за пица за кој ви се потребни само 2 состојки.
Извор: sensa.mondo.rs