Рецепт за лазањи со сезонски зеленчук

Рецепт за лазањи со сезонски зеленчук

Многумина ќе се согласат дека Италија е дом на најдобрата храна. Пица, тестенини, медитерански зачини, свежи домати, маслиново масло, тирамису, еспресо… Се сомневаме дека ќе најдете нешто што не ви се допаѓа од оваа листа на италијански специјалитети.

Рецепт за лазањи со сезонски зеленчук

 

Италијанците се познати по тоа што користат малку состојки за да ги направат традиционалните специјалитети, но сите тие мора да бидат со најдобар квалитет. Така настанале и лазањите – едно од најпознатите јадења во целиот свет. Денес ви предлагаме рецепт за лазањи со сезонски зеленчук.

Потребни состојки:

За сос од зеленчук:

  • 500 грама лазањи
  • 1 глава кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 2 тиквички
  • 2 свежи пиперки
  • 2 свежи домати
  • половина модар патлиџан
  • 200 грама млад спанаќ

За бешамел сос:

  • 800 милилитри млеко
  • 3 лажици брашно
  • 200 грама пармезан
  • масло

Зачини:

Лажица брашно, сол, бибер, мелен црвен пипер, магдонос, босилек, оригано

Додатоци:

  • 200 грама гауда
  • 250 грама моцарела

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го зеленчукот на коцки. Пропржете го кромидот во тава со малку масло, а потоа додадете го остатокот од зеленчукот. Зачинете и пржете на средна температура околу 20 минути со постојано мешање.

2. Во помал сад ставете една лажица брашно и додадете ги сите зачини. Истурете малку зовриена вода за да добиете густа смеса од зачини (слична на болоњезе) и додадете ја во зеленчукот.

3. Во загреано масло додадете 3 лажици брашно и пропржете го брашното додека не порумени. Тргнете ја тавата од оган и додадете млеко со постојано мешање за да не останат грутки. Вратете го на оган и мешајте додека бешамел сосот не згусне. Зачинете со сол и бибер и додадете пармезан.

4. На дното од садот за печење ставете малку од зеленчуковиот сос. Наредете го првиот слој тестенини, одново нанесете зеленчуков сос, бешамел сос и повторете ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки. Последниот слој треба да биде бешамел сос со смеса од рендано сирење.

5. Покријте го садот со алуминиумска фолија. Печете половина час на температура од 180 степени, па извадете ја фолијата од садот и печете уште 15 минути на температура од 200 степени.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за лазањи со сезонски зеленчук, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени шпагети со мелено месо и три вида сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар