Претходно
Рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути
Гладни сте, но немате време да готвите? Нема проблем! Имаме нешто вкусно и брзо за вас!
Потребни состојки:
- 400 г њоки
- 250 г крем за готвење
- 100 мл бело суво вино
- 50 г рендан пармезан
- 3-4 суви домати
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажица путер
- 1 лажица сенф
- грст свеж босилек
- сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
- Загрејте го путерот и заедно со исечканиот лук мешајте околу половина минута.
- Додадете го сенфот и ситно исечкани сушени домати и додадете вино. Гответе околу две минути.
- Потоа додадете ги њоките и кремот за готвење, добро промешајте и варете околу 5 минути.
- Додадете го пармезанот и босилекот и оставете додека њоките не се готови и не добиете кремаста смеса.
Можеби ќе сакате да ја пробате и оваа здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате.