Рецепт за крем од бадеми без шеќер

Рецепт за крем од бадеми без шеќер

Без разлика дали ви треба намаз за леб, за палачинки или за кроасани, домашната бела нутела ќе стане вашата омилена верзија на кремот. Можете да ја направите сами, а најдоброто нешто е што нема ниту грам шеќер.

Рецепт за крем од бадеми без шеќер

Потребни состојки:

  • 4 лажици печени мелени бадеми
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 90 гр путер
  • 1 лажица џем по ваш избор (праска, кајсија, малина)
  • 1 лажица мед
  • малку изрендана кора од портокал (по избор)

Начин на подготовка:

Испржете ги излупените бадеми и измелете ги ситно. Загрејте ја павлаката на оган, а потоа растопете го изренданото бело чоколадо. Во растопената смеса додајте го путерот исечкан на ситни коцки и измешајте добро. Додајте ги бадемите и мешајте додека да се соедини сè. Збогатете го вкусот со лажица џем и мед. Ставете го добиениот намаз во тегла и и оставете го да се излади.

Погледнете ја оваа нова пролетна верзија на популарниот рецепт за тестенини со фета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар