Рецепт за крцкаво печено пиле какво што никогаш не сте пробале досега!

Рецепт за крцкаво печено пиле какво што никогаш не сте пробале досега!

Дали сакате да уживате во печено пилешко со крцкава кора и сочно и меко месо? Ставете го пилешкото да отстои во солена вода најмалку 12 часа, а во продолжение прочитајте го нашиот рецепт.

Рецепт за крцкаво печено пиле какво што никогаш не сте пробале досега!

Потребни состојки:

  • 2 кокошки од 1 килограм или 1,5 килограми
  • 270 грама сол
  • 240 грама мед
  • 240 милилитри бренди
  • 12 бобинки од смрека
  • 6 супени лажици путер
  • кора од лимон
  • 3 гранчиња свежа мајчина душица
  • 3 литри ладна вода
  • 2 ловорови листа
  • 2 чешниња лук
  • 1 литар топла вода
  • грст свежи листови жалфија

Начин на подготовка:

1. Исчистете го пилешкото како и вообичаено.

2. Растворете сол и мед во еден литар вода. Кога течноста ќе зоврие, во неа измешајте бренди, ладна вода, кора од лимон, бобинки од смрека, ловоров лист и гранчиња мајчина душица. Оставете сè заедно да се излади на собна температура.

3. Потопете ги кокошките во добиената течност и ставете ги во фрижидер да отстојат околу 12 до 24 часа. Важно е пилешкото постојано да е под вода за тоа време.

4. Извадете го пилешкото од водата и добро исушете го со хартиени крпи.

5. Ставете го во рерна загреана на 200 степени целзиусови степени околу еден час.

6. Додека се пече, неколку пати премачкајте го пилешкото со растопен путер кој претходно сте го растопиле со сечкан лук и свежи листови жалфија.

7. Оставете го пилешкото да се излади најмалку 10 минути пред да го исечете и послужите. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар