Рецепт за крцкави похувани ролнички

Рецепт за крцкави похувани ролнички

Крцкави однадвор, а сочни одвнатре – похуваните ролнички се идеални за појадок или за вечера, а можете да ги наполните со што сакате. Наш предлог е и да комбинирате парчиња банана со чоколадо и намаз од лешник. Изборот е ваш, а ние сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни.

Рецепт за крцкави похувани ролнички

Потребни состојки:

  • 10 парчиња леб
  • 40 грама путер
  • 10 лажици мармалад
  • 3 јајца
  • 3 супени лажици млеко
  • ½ лажичка цимет

Начин на подготовка:

1. Исечете го лебот на кришки и отстранете ја кората. Со помош на сукало расукајте го секое од парчињата.

2. Премачкајте ги парчињата со путер и мармалад, па свиткајте ги во облик на ролна.

3. Потопете ги кифличките во смеса од јајца, млеко и цимет, а потоа пропржете ги. На здравје!

Предлози за филови

Слатка варијанта

Путер од кикирики + пире од костени
Рикота + рендана кора од портокал
Пудинг од чоколадо + вишни

Солена варијанта

Пилешко + печурки + спанаќ
Говедско месо + печурки
Лосос + рикота + маслинки
Мелено месо + сос од домати

Откако го прочитавте нашиот рецепт за похувани ролнички, можеби ќе сакате да го прочитате  и рецептот за ролнички со цимет и прелив од боровинки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар