Рецепт за крцкави ќофтиња од компири и сирење

Рецепт за крцкави ќофтиња од компири и сирење

Ако сте љубител на компири и сирење и на сите комбинации на овие две намирници, мора да ја пробате и оваа комбинација. Подготовката е многу едноставна, а резултатот е вкусни крцкави ќофтиња на кои е навистина тешко да им одолеете.

Рецепт за крцкави ќофтиња од компири и сирење

Потребни состојки:

  • 400 грама ладно пире од компири
  • 1 мал кромид
  • 100 грама рендан пармезан
  • 70 грама скробно брашно
  • 1 јајце
  • сол и црн пипер
  • 2 лажици масло за пржење
  • 2 лажици путер за пржење

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го кромидот ситно. Потоа, ставете го пирето од компири во еден сад, додајте го кромидот, додајте сол и црн пипер по вкус, а потоа додајте го изматеното јајце и добро измешајте.

2. Потоа, додајте ги ренданото сирење и скробното брашно и измешајте. Смесата треба да биде малку сува, но да може да се обликува. Ако забележите дека е премногу леплива и не можете да ги обликувате ќофтињата, слободно додајте уште неколку лажици скробно брашно.

3. Оставете ја смесата во фрижидер околу 45 минути за да се стврдне. Откако смесата ќе се олади, извадете ја од фрижидерот. Земете малку смеса и формирајте топче кое потоа лесно ќе го сплескате со дланките во форма на диск. Ставете ги ќофтињата на мрсна хартија.

4. Ставете масло и путер во тава за пржење и загрејте на средна топлина. Кога мрснотијата ќе загрее, внимателно ставете ги ќофтиња на неа. Пржете на едната страна околу 3-4 минути или додека не забележите дека ќофтињата добиваат златно-жолта боја. Потоа, внимателно свртете ги и пржете на другата страна околу 3-4 минути. По пржењето, ставете ги на чинија обложена со хартиена крпа за да се впие вишокот мрснотии.

Погледнете како да направите кремаста супа од костени која е богата со витамини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар