Рецепт за крцкава пита со јагоди
Сезоната на јагодите е многу кратка и токму сега е вистинското време да ги искористите максимално.
Потребни состојки:
- 300 грама брашно
- 150 грама путер
- 1 лажица павлака
- 1 помало јајце
- 50 грама шеќер
За филот:
- 300 грама јагоди
- 50 грама шеќер
- 1 лажица сок од лимон
Начин на подготовка:
1. Измешајте го брашното со шеќерот. Исечете го ладниот путер на помали коцки и додајте го во брашното, а потоа измешајте со прстите. Потоа додајте ги јајцето и павлаката и месете го тестото додека да добиете мазна топка. Поделете го на два дела и завиткајте го во пластична фолија. Едната половина ставете ја да стои еден час во фрижидер, а другата во замрзнувач.
2. Подгответе го филот. Отстранете ги стебленцата од јагодите, измијте ги и исечете ги на мали парчиња. Потоа посипете ги со шеќер, додајте сок од лимон, измешајте добро и малку изматете.
3. По еден час извадете го тестото што сте го ставиле во фрижидер. Вклучете ја рерната на 180 Целзиусови степени. Ставете го во плех што претходно ќе го наросите со малку брашно. Притиснете го тестото, а потоа боцкајте го со виљушка. Ставете го во рерна и печете околу 15 минути, додека не добие убава жолта боја. Долниот дел од тестото прво мора да се испече кратко за да стане поцврст и за да не се навлажни од филот од јагоди. Кога тестото ќе стане жолто, извадете го од рерната и оставете го да се излади.
4. Кога ќе се излади тестото, премачкајте го со филот од јагоди. Потоа земете го другото тесто од замрзнувачот и нанесете го врз филот од јагоди. Вратете го плехот во рерната загреана на 180 Целзиусови степени и печете уште 20-30 минути, односно додека тестото на површината не добие потемна златно-жолта боја.
Погледнете го и овој рецепт за домашен ликер од јагоди – пијалак што освојува со неодоливата арома.