Претходно
Рецепт за колачиња со тиква
Прекрасната есен е тука, а сигурно би сакале да уживате во неа заедно со вкусни колачиња!
Потребни состојки:
- 320 г брашно
- 4 г прашок за пециво
- 4 г сода бикарбона
- 5 г цимет
- други зачини: индиско оревче, каранфилче
- сол
- 110 г путер
- 300 г шеќер
- 350 г пире од тиква
- 1 јајце
За глазурата:
- 115 г путер
- 240г шеќер во прав
- екстракт од ванила
- 15-20 милилитри млеко
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени.
- Комбинирајте го брашното, прашокот за пециво, содата бикарбона, циметот, солта и другите зачини, а потоа оставете ги настрана.
- Во среден сад миксирајте ги путерот и шеќерот.
- Потоа додадете го јајцето, тиквата и ванилата и миксирајте додека не добиете кремаста смеса.
- Потоа додајте ги сувите состојки.
- Ставете ги во плех со хартија за печење и печете околу 15 – 20 минути.
- Потоа за глазурата се топи путерот на средно-висока температура до златно-кафеава боја, околу 10 минути.
- Истурете го путерот во сад и додадете шеќер, ванила и 15 мл млеко – промешајте додека не се изедначи. Потоа ставете ја смесата врз колачињата.
Погледнете го и овој рецепт за неодолива пита со грозје.