Рецепт за колачи со кафе и чоколадо кој морате да го испробате уште денес!

Рецепт за колачи со кафе и чоколадо кој морате да го испробате уште денес!

Сигурни сме дека многумина не би можеле да ѝ одолеат на комбинацијата од чоколадо и кафе, а покрај тоа, колачињата многу лесно се подготвуваат. Најтешкиот дел од целата подготовка ќе ви биде да почекате да се изладат колачињата пред да ги послужите.

Рецепт за колачи со кафе и чоколадо кој морате да го испробате уште денес!

Потребни состојки:

  • 375 грама брашно
  • 220 грама путер
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 170 грама чоколадни капки
  • 100 грама бел шеќер
  • 50 грама незасладено какао
  • 2 големи јајца
  • 2 лажици инстант кафе
  • 2 лажици полномасно млеко
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Во помал сад измешајте инстант кафе со две лажици млеко. Мешајте сè додека гранулите кафе целосно не се растворат во течноста.

3. Во поголем сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбона и сол.

4. Во друг сад изматете ги белиот и кафеавиот шеќер со путерот. Потоа додадете ги јајцата и мешајте сè заедно околу две минути.

5. Додајте ја смесата од кафе и екстракт од ванила. Постепено мешајте го брашното со какаото, сода бикарбона и сол додека не се соединат сите состојки.

6. На крај, додајте ги чоколадните капки.

7. Смесата поделете ја на помали парчиња и обликувајте ги во форма на колачиња. Околу 3 лажици од смесата ќе бидат доволни за едно колаче.

8. Распоредете ги колачињата на хартијата за печење така што нема да се допираат.

9. Печете ги колачињата во загреана рерна околу 10 минути. Оставете да се изладат околу 10 минути пред да ги префрлете во чинија и послужете. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за колачиња со кафе и чоколадо, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колачиња со тиква.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар