Рецепт за ќофтиња со грашок, пченка и сирење

Рецепт за ќофтиња со грашок, пченка и сирење

Со оваа мешавини од грашок, пченка и сирење можете да направите вкусен бургер од зеленчук.

Рецепт за ќофтиња со грашок, пченка и сирење

Потребни состојки:

  • 300 грама варен грашок
  • 100 грама варена пченка
  • 100 грама рендано тврдо сирење по желба
  • 100 грама лебни трошки
  • 1 мал кромид
  • 1 големо јајце
  • грст лисја од магдонос
  • сол, бибер, чили и други зачини по желба
  • 4 лажици масло

Начин на подготовка:

1. Во блендер ставете ги грашокот, пченката, кромидот насечкан на четвртинки, магдоносот и јајцето. Исечкајте ги состојките до големината што ја сакате. Ако сакате полесни ќофтиња, не сечкајте ги премногу, а ако сакате густи, сечкајте додека не се соединат во хомогена смеса.

2. Пренесете ја смесата од блендерот во сад. Зачинете со сол и бибер и со други зачини по вкус. Додајте го ренданото сирење и добро измешајте. Потоа започнете да ги додавате лебните трошки во смесата додека мешате, сè додека не почувствувате дека смесата е компактна и можете да ја обликувате со рацете.

3. Навлажнете ги рацете со вода, земете една лажица од смесата, обликувајте ја во топче и потоа малку израмнете ја со дланките. Ставете ги подготвените ќофтиња на чинија. Во длабока тава загрејте го маслото на средна топлина. Кога маслото ќе се загрее, ставете ги ќофтињата во тава и пржете од секоја страна по неколку минути додека не се формира убава кора. По пржењето, ставете ги ќофтињата на чинија обложена со кујнска хартија за да се впие вишокот мрснотии.

Прочитајте што да направите со остатокот од шпагетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар