Претходно
Рецепт за кафе со сладолед и минерална вода
Овој пијалак не само што изгледа привлечно, туку има исто толку добар вкус. Ако сте меѓу оние кои денот не го поминуваат без кафе, сладолед и минерална вода, тогаш можете да го пробате овој рецепт и за уживате во продолжениот викенд!
Потребни состојки:
- 2 лажички шеќер
- 1 литар инстант кафе
- 1 топка сладолед од ванила
- 250 г слатка павлака
- 250 милилитри минерална вода
Начин на подготовка:
- Измешајте ги шеќерот и кафето во еден голем сад.
- Матете ја слатката павлака додека не добиете шлаг.
- Полека додавајте шлаг во кафето додека не добиете мазна текстура.
- Наполнете високи чаши до половина, додадете ја минералната вода, а потоа и малку сладолед.
- Можете да го украсите со прелив од чоколадо.
Можеби ќе сакате да го пробате и ова есенско кафе со тиква.