Претходно
Рецепт за италијански колач со лимон и бело чоколадо
Денес ви споделуваме рецепт за италијански десерт кој не само што е едноставен за подготовка туку ги содржи и автентичните вкусови од југот на Италија.
Потребни состојки:
- 200 грама бадемово брашно
- 8 јајца
- 200 грама шеќер
- 120 грама путер
- 150 грама бело чоколадо
- 1/3 прашок за пециво
- сок од два лимона
- 100 милилитри лимончело
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки, истурете ги во кружен калап обложен со хартија за печење и печете на 200 степени целзиусови околу 40 минути. Декорирајте со шеќер во прав, бадеми и кора од лимон.
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за торта од лимон.
Извор: sensa.mondo.rs