Рецепт за француски топол колач со сладолед: Хит за ова лето!
Petit gateau или во превод „мал колач“ е познат десерт низ целиот свет. Во земјите на француското говорно подрачје уште се нарекува и gâteau fondant au chocolat. Станува збор за колач кој се служи топол во комбинација со топка сладолед од ванила, а за негова подготовка ви се потребни само неколку состојки. Во продолжение прочитајте го рецептот.
Потребни состојки:
- 250 грама шеќер во прав
- 120 грама чоколадо
- 115 грама путер
- 60 грама брашно
- 3 жолчки
- 2 цели јајца
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
2. Намачкајте ги со путер садовите за суфле и оставете ги настрана.
3. Во огноотпорен сад растопете ги чоколадото и путерот. Додадете шеќер во прав во смесата и убаво измешајте.
4. Во смесата додадете ги жолчките и целите јајца и одново убаво измешајте.
5. Додадете го екстрактот од ванила и брашното.
6. Добиената смеса поделете ја на четири еднакви делови и истурете ја во секој од садовите.
7. Печете во загреана рерна околу 13 минути односно сè додека не се испечат рабовите.
8. Извадете ги од рерна, оставете ги да се изладат па извадете ги од калапот.
9. Послужете со топка сладолед од ванила и овошје по желба. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт на денот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за брз германски колач од чоколадо и бисквити кој не се пече.