Рецепт за француска веганска салата: Одличен додаток на велигденската трпеза!

Рецепт за француска веганска салата: Одличен додаток на велигденската трпеза!

Доколку сте веган или само сакате да ја регулирате вашата исхрана време е да го научите рецептот за француска салата без состојки од животинско потекло.

Рецепт за француска веганска салата: Одличен додаток на велигденската трпеза!

Веројатно малкумина од вас знаат дека француската салата, всушност, потекнува од Русија и првично била наречена салата Оливие. Името го добила по истоимениот готвач кој го чувал рецептот во најголема тајност. Неговата салата, покрај другото, се состоела и од кавијар, телешко месо, чадена патка, опашки од ракчиња и сос на база на мајонез со непознати додатоци со што станала врвен хит во 19-ти век.

Модерната верзија на салатата е всушност рецептот на Иван Иванов, еден од готвачите на Оливие, кој се обидел да го украде рецептот. Во продолжение прочитајте го рецептот за француската веганска салата.

Потребни состојки:

  • 200 грама грашок
  • 200 грама моркови
  • 200 грама компир
  • 2 кисели краставички
  • половина кисело јаболко
  • 300-500 милилитри вегански мајонез
  • сол и бибер
  • сок од лимон
  • 1 лажичка сенф
  • магдонос

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го зеленчукот на коцки и сварете го во солена вода, но внимавајте да не се превари.

2. Исечкајте ги краставиците и јаболкото на коцки.

3. Измешајте ги останатите состојки со изладениот зеленчук, а смесата украсете ја со листови магдонос и парчиња лимон. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за француска/руска веганска салата, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за протеинска салата со никулци од наут.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар