Претходно
Рецепт за фокача: Како да направите италијанска погача?
Набавете добро вино, направете фокача и опуштете се.
Потребни состојки:
- 500 грама брашно
- 15 грама квасец
- малку шеќер
- сол
- 350 милилитри топла вода
- маслинки
- шери домати
- босилек
Начин на подготовка:
Ставете ги брашното, квасецот, водата и малку шеќер во еден сад и месете додека не добиете мазно и меко тесто. Оставете да отстои додека не се дуплира.
Исечете ги доматите и маслинките. Развлечете го тестото во круг. Додајте ги маслинките и доматите, малку сол и босилек. Печете 20-25 минути на температура од 180 °С. Премачкајте со маслиново масло во кое ќе ставите чешне лук и свеж рузмарин.
Погледнете како да направите палачинки со ладен прелив од кафе и вкус на бадем.